Sonax Service

Почетоците на нашата фирма датираат од 2007 година со регистрирање на фирмата како авто перална и малопродажба на авто козметика. Со многу вложувања во најсовремена техника и технологија изградивме успешен систем за работа. Наша визија беше да станеме најуспешна фирма за заштита и одржување на автомобилите, автомобилската опрема како и продажба на автокозметика од најквалитетните брендови на пазарот.
Наша цел е секој клиент уште од првото миење на возилото да ја забележи разликата во квалитетот на миењето во споредба со конкурентските автоперални. Редовното одржување на автомобилот секогаш ќе биде исплатливо. Добро одржуваниот автомобил не само што го привлекува погледот, туку има и огромна финансиска придобивка. Од нас го добивате најпотполното знаење со сертифицирани лиценци во оваа услужна гранка. Со понудата која ја овозможува нашата перална секогаш сте во предност. Од моментот кога клиентот ќе дојде во нашата автоперална, започнува континуирана соработка, преку која секогаш бесплатно ве советуваме за услугата и презентирање на самиот автомобил.
Перфект Ексклузив на пазарот нуди бренд и квалитетна услуга, како и за новитетите за да бидете постојано во тренд и да го наметне својот стандард како водечки.
Повелете и уверете се сами во нашиот квалитет.